Свекрва ми му ја изговори оваа реченица на син ми, веднаш ѝ забранив доживотно да го гледа: Да се извинеше ќе ѝ простив, но таа тврди дека се шегувала

Добивај вести на Viber

Неодамна, една млада мајка го сподели своето непријатно искуство со својата свекрва на Редит, признавајќи дека ѝ „забранила доживотно“ да се гледа со внукот. Што направила оваа баба толку страшно за да заслужи толку тешка казна? Се испостави дека една реченица изговорена на шега и без размислување ја чинил добариот однос со синот и снаата.

„Баба му, мајката на мојот сопруг, нè посетуви околу ова време пред две недели, а јас сакав да го однесам син ми во тоалет. Тогаш таа реши да му каже: „Внимавај, чудовиште може да излезе од нокширчето" .

Се разбира, како возрасни, знаеме дека ова беше само шега. Но, малото момче не го знае тоа. Почна да плаче и оттогаш одбива да го користи нокширот, а камоли да оди во тоалет. Повторно ги мочка панталоните, што значи дека се вративме на почеток. Стравот од нокшир или тоалетни чудовишта е реален, луѓе!

Нашиот син не го користи нокширот веќе две недели и мораме пак да му ставаме пелени. Ја прашавме баба му што мисли за тоа, а таа само се бранеше и инсистираше дека сето тоа е шега. Таа одби да се извини. После тоа ја исфрливме од дома. Откако разговаравме со мојот сопруг, заедно одлучивме дека треба трајно да ѝ забраниме на неговата мајка да се гледа со нашиот син.

Кога сè сфати сериозно, не молеше да ѝ простиме. Но, бидејќи првиот пат не сакаше да се извини, сега и е жал бидејќи се соочила со негативни последици, па се извинува. Ние не и простуваме и таа нема право на прошка. Таа веќе не е добредојдена во нашиот дом“, напишала оваа бесна мајка, иако на крајот ги прашала другите дали е во право.

Сепак, повеќето корисници на оваа мрежа ѝ кажале дека претерала.

„Добро, шегата што плаши дете не е кул, но трајно да се забрани некој да се гледа со внучето? Тоа е злосторство“, „ Таа фрлила камен, но ти си фрлила нуклеарна бомба“, „Шегата била безобразна и бабата сигурно немала лоша намера,но твојата реакција не е соодветна за инцидентот“, „Можеби забрана завидување додека повторно се научи да го користи нокширот, но дефинитивно сте претерале“, „Ова не е вистинскиот начин да се постапува со мајката на брачниот другар и бабата на детето“, „Се надевам дека ќе бидеш беспрекорна свекрва и баба, син ти да не најде некоја како тебе“, се само дел од коментарите,

Што мислите, дали оваа мајка е во право?


Фото: freepik