Свесна дека времето не е на нејзината страна: Викторија Бекам повторно сака да стане мајка
Модната дизајнерка и поранешна „спајс девојка“ наскоро би сакала да може да добие петто дете со нејзиниот сопруг Дејвид Бекам!
Според американскиот весник Нова идеја, откако неодамна ги посетила пријателите кои добиле близнаци, Викторија Бекам е опседната со идејата повторно да стане мајка. Таа се дружеше со Дерек Блазберг, кој е познат американски новинар, и неговата сопруга Ник Браун, кои се горди родители на близнаци, а Викторија додека држела едно од децата била „слика и прилика за мајчинска радост“, тврди Нова идеја .
- Таа со години сака уште едно дете, но не им успеа. Таа знае дека времето не е на нејзина страна, па затоа се обидува да го убеди Дејвид дека моментот е сега или никогаш - изјави неименуван извор за странскиот медиум.
Дејвид (46) и Викторија Бекам (47) имаат четири деца: Бруклин (22), Ромео (18), Круз (16) и Харпер Севен (9). И ако не успеат да имаат петто бебе, се очекува семејството Бекам, во секој слчај наскоро да добие нов член, бидејќи Бруклин, кој е верен со актерката Никола Пелц, сака големо семејство и наскоро може да им подарат внуци .
извор:GLOSSY
Викторија Бекам ги знае сите модни трикови: Овој модел на фармерки најдобро ја издолжува женската фигура (ФОТО)
Викторија Бекам би ги забранила: Фотографии кои за нејзина несреќа ќе кружат на Интернет засекогаш
Бекам ја откри тајната на својот долгогодишниот брак: Има едно златно правило