Светот не е црн и бел: Другарите на Јане со песна му посакаа брзо да оздрави
Со стиховите на песната „Може ли“ од Давид Темелков и хорот на „Златно славејче'“, малиот херој Јане Велковски, кој боледува од спинална мускулна атрофија и неговите другари од одделението упатија силна порака.
„ Светот има неколку бои, не е само црн и бел“, се дел од стиховите на песната со кои учениците ОУ„Димитар Поп Георгиев Беровски“ од скопската населба Хром дадоа поддршка на кампањата за лицата со ретки болести, по повод Меѓународниот ден на ретките болести.
„ Светот има неколку бои, не е само црн и бел“, се дел од стиховите на песната која ја пееше Јане со другарите во училиштето
„ Јане е едно прекрасно, хумано дете. Тој е многу дружељубив и сака на сите да им помага. И децата од неговото, од нашето 5 г одделение уште од првиот момент одлично го прифатија и многу му помагаат“, ни изјави Гордана Наумовска- Трајковска, наставничката на Јане. Таа е дел од организацијата на вчерашниот настан кој се одржа во училиштето каде што учи Јане, за кој вели дека добила голема поддршка од директорката и од колегите.
Децата направија ликовна колонија и пишуваа пораки со кои покажаа дека сите се еднакви
„Имавме една мала, но сепак голема ликовна колонија во училиштето кое личеше на едно големо атеље. Децата цртаа цртежи на тема другарство, сакајќи да покажат дека сите сме еднакви. Рецитираа творби, и втора година по ред ги обоија лицата со боите на ретките болести, сината, розовата и зелената. Тие се уште од сега свесни дека различностите треба да се прифатат, а со ретките болести на многу луѓе од целиот свет.
Наставничката Гордана Наумовска-Трајковска и колешките ги обоија лицата како поддршка на лицата со ретки болести
И Јане, заедно со своите другари учествуваше во изведбата на песната „Сите сме еднакви“ која ја пее „Пет плус бенд“. Настанот, вели наставничката го направил поубав и детскиот рецитал во кој учествуваше и Јане. Трајковска и нејзините колеги често организираат вакви хумани настани со кои се одбележуваат светски денови за помош и поддршка на болни лица.
Милица Џаровска