Светски познатиот фотограф Давид Јероу (DAVID YARROW) фотографираше уникатни слики од дивината благодарејќи на новиот LAND ROVER DEFENDER

Добивај вести на Viber

-Генијални фотографии: Уметничкиот фотограф и долгогодишен поддржувач на Туск (организација за иницирање и финансирање на програми за заштита на дивиот свет во Африка; tusk.org), Давид Јероу документираше уникатни фотографии за потребите на донаторската средба на организацијата по повод кампањата посветена на “Годината на Лавот”.

-Зголемување на свеста: Бројот на лавовите во дивината во Африка опадна на 20.000 со тенденција на понатамошно опаѓање.

-Лоцирање на крдата: Прототипот на новиот LAND ROVER DEFENDER камуфлиран и брендиран со Туск логото послужи за следење и мониторирање на лавовите во Борана резерватот во Кенија.

Доверлив партнер: LAND ROVER е официјален партнер на Туск во изминативе 15 години. Оваа година добротворното друштво, Туск, има за цел да ја алармира јавноста за опаѓањето на бројот на лавовите во дивината во Африка.

Светски познатиот уметнички фотограф, Давид Јероу, соработуваше со LAND ROVER во поддршка на Туск, која имаше за цел зголемување на свеста за опаѓање на бројот на лавовите во Африка, преку фотографирање на серијал на спектакуларни слики од дивината.


Туск ја определи 2019 година како “Година на Лавот” со цел проблемот на опаѓањето на популацијата на лавовите да биде приоритетен во агендата за презервација. Во поддршка на иницијативата, LAND ROVER испрати прототип на новиот Defender 4x4 во Борана резерватот во Лаикипиа во Северна Кенија, како помош за следење и мониторирање на лавовите. Овој LAND ROVER допрво ќе је има својата светска премиера оваа година.

Новиот 4x4 ја дополнува DEFENDER фамилијата со супериорен опсег на можности како и ново ниво на комфорт и начини на возење за време на тестот во вистинскиот свет извршувајќи серија на активности во Борана резерватот. Поврзаноста на LAND ROVER со Источна Африка датира од 1948 година кога некој од првите модели од пред производната серијата 48 беа тестирани во регионот.

Јероу, возејќи се во новиот, специјално камуфлиран, Defender за таа намена, фотографираше серија на фотографии од крда лавови. Во моментов има помалку од 20.000 лавови во дивината, во споредба со 25.000 носорози (од кои 20.000 бели носорози и 5.000 црни носорози), со тенденција на понатамошно опаѓање на нивниот број.


Тој изјави“Услов за успешна фотографија од дивината е поставеноста – можноста да се позиционираш на најдобрата можна позиција – затоа ви треба возило кое може да пристапи на инаку недостапните места. LAND ROVER DEFENDER е синоним за авантура и презервација од времето на својата премиера во 1948 година, затоа е сосема разбирливо првата официјална задача на новиот Defender да биде алармирање на јавноста за опаѓањето на бројот на лавовите во дивината во Африка. “

Уникатниот програм во Кенија им овозможи на раководителите на проекти од Туск да го испробаат новиот Defender во резерватот, кој се простира на површина од 14.000 хектари, во секојдневните задачи во резерватот вклучувајќи и успивање на лав со воздушна пушка за да се смени посточката огрлица за следење. Лавот беше успиен од блиску, додека се стрелаше од безбедна локација, од новиот прототип на Defender.

Чарлс Мејев МБЕ, извршен директор на Туск изјави“Оваа година Туск ја одбележува “Годината на Лавот“. Нашата цел е да се зголеми на свеста за алармантното опаѓање на бројот на лавовите во Африка. За среќа, во рамките на Борана резерватот, има голем број на крда на лавови и нивното следење и мониторирање на нивното движење низ непрегледното пространство и тешко пристапни терени е од големо значење за нивната заштита и спречување на несакани конфликти со локалните заедници. Новиот Defender помина тешки терени на својот пат, преминувајќи длабоки реки и качувајќи се по карпести предели. “


Борана резерватот, поддржан од Туск, има многу активности од различни области кои вклучуваат поддршка на заедниците, едукации за природата, заштита на живеалишта, презервирање на загрозени видови и обезбедување на коегзистенција помеѓу луѓето и животните во дивината. Резерватот е дом на некој од најранливите видови животни како слоновите, црните носорози, афричките диви кучиња и зебрите кои го делат резерватот со лавовите и други поголеми предатори.

Оваа иницијатива е поддржана од страна на глобалниот логистички партнер на Jaguar Land Rover и поддржувач на Туск, DHL.

Лаура Вуд, Директор на ПР во Jaguar Land Rover изјави“Оваа активност ни овозможи да работиме заедно со нашите партнери, Туск и DHL, со цел да се обелодени фактот дека бројот на лавовите во Африка е во континурано опаѓање. Борана резерватот се состои од повеќе различни околини, што го прави одличен полигон за тестирање на off-road атрибутите на новиот Defender. “