СЗО: Коронавирусот забрзано се шири во САД

Добивај вести на Viber

Можно е Њујорк да биде следното големо жариште на коронавирусот, се огласи денес Светската здравствена организација (СЗО).

-Коронавирусот забрзано се шири во САД. Во изминатите 24 часа, 85 проценти од новите случаи се од Европа и САД – изјави Маргарет Харис, портпаролка на СЗО.

На прашањето на новинарите, Харис дообјаснува:

-Гледаме големо забрзување на случаите во САД. САД имаат голема епидемија, чиј интензитет се засилува.

Најлошо е во Њујорк, кој вчера (23.03.) имал 12,000 заразени, што е третина од вкупниот број заразени во САД. Њујоршките градски власти го повикале претседателот Доналд Трамп да прогласи задолжителна изолација за целата нација, иако Трамп вчера најави отворање на нови деловни пазари „многу скоро“.

Една третина Американци сега живеат во изолација. Државите Вашингтон, Мичиган и Ново Мексико се најновите во низата кои наредија изолација и засилени ограничувања на движењето.

Севкупно, глобалната пандемија силно се забрзува и се очекува зголемување на бројот на заразените и починатите од сегашната бројка на 334,981 заболени и 14,500 смртни случаи, предупредува СЗО.