Таа е македонската Ријана: Смела модна комбинација за на свадбена веселба (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Надја Ѓорѓиоски, сопственичка на продавница за накит, е дама со свој оформен стил на облекување.

Имено Надја сега е во својата поодмината бременост, но не дозволува нејзиниот стил да трпи поради тоа. Така викендов присуствуваше на свадбената веселба на јутуберот Стефан Лазаров, за каде избра смела комбинација која во преден план го истакна нејзиниот труднички стомак.

„Грдо е... сѐ додека Ријана не одлучи дека не е“- напиша таа и откри дека инспирацијата ја добила токму од познатата пејачка, која е препознатлива по своите специфични комбинации во бременост. Станува збор за црн топ со деколте и црно долго здолниште, додека на стомакот доминира тренди накит.

Фото: Instagram/nadja_gjorgjioski