„Таа сè уште ќе беше келнерка да не беше тато...“: Семејството на Меган Маркл изнесе „валкани“ детали за нејзиното минато

Добивај вести на Viber

Заладените односи на војвотката од Сасекс со нејзината полусестра и полубрат е главна тема откако таа се омажи за принцот Хари. Семејството на Меган Маркл моментално снима документарец за австралискиот Канал 7 за нејзиниот живот. Таткото Томас Маркл (78), полусестрата Саманта Грант (58) и полубратот Томас Маркл Џуниор (56) открија доста детали за животот на Меган.

Во трејлерот, полубратот и полусестрата на Меган дадоа открија пикантни детали од нејзиниот живот.

- Таа сепак ќе беше келнерка да не беше тато - рекла Саманта меѓу другото.

Таа претходно претходно открила дека Томас Маркл не сакал да го гледа документарецот за Хари и Меган затоа што бил фокусиран на сопственото здравје, а не на „срамниот проект“ на неговата ќерка и зет, кој не го ни запознал.

За потсетување, овој февруари Саманта поднесе документи до судот во кои бара принцот Хари и Меган да одговорат на серија прашања во судницата се со цел да докаже дека Меган дала серија „лажни и злонамерни изјави“ за време на интервјуто што го направил парот во март 2021 година со Опра Винфри (69). Таа имаше за цел и Меган да признае дека лажела за нивната врска и растењето за подобро да ја продаде приказната на светот.

Каков ќе биде крајниот епилог на оваа семејна драма останува да видиме.




Фото:Screenshot