Тајниот свет на сопругата на Лука Модриќ: Повлечена жена која стои зад неговата успешна кариера
Лука Модриќ стана првата ѕвезда на Хрватска на овогодинешното СП во фудбал. Сепак, зад неговата одлична кариера и успех во националниот дрес стои една жена.
35-годишната Вања Божиќ, е три години постара од нејзиниот сопруг Лука. Тие се запознаа во 2007-ма година кога таа работеше во спортска агенција каде Лука беше клиент како играч на Динамо Загреб. Оттогаш, таа ја напушти работата и отиде со него во Тотенхем.
Наскоро стана негов личен агент и е главната личност зад големиот договор со Реал Мадрид во 2012-та година, за кој Модриќ се уште игра, пишува британскиот „Сан".
Сепак, за разлика од многумина од славните сопруги и девојки, Вања не сака да се покажува јавно, таа дури нема свој профил на Инстаграм.
Двајцата се венчаа во мај 2010-та година во Загреб, а нивен кум беше колегата на Модриќ од Тотенхем, Ведран Чорлука. Три недели подоцна се роди нивниот прв син Ивано, а до денес имаат уште две ќерки, петгодишната Ема и Софија, која се роди минатата година.
Вања Модриќ ги собира сите снимки од натпреварите, а потоа ги разгледува заедно со Лука и внимателно ги анализира - вели еден многу референтен извор.
„По секој натпревар, го гледаме видеото. Лука анализира сè, секое движење, јас секогаш му кажувам - мора да шутираш повеќе, и тој упорно повеќе асистира, а помалку шутира. И кога совршено игра, јас ќе најдам нешто друго, а потоа во него проработува инаетот ", ја откри својата строгост Вања, жената супер агент на својот сопруг.