Тајно се венчаа Наум Петрески и Зуица: По 16 години заеднички живот се заколнаа на вечна љубов пред Бога (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Зуица Лазова блеска во романтична венчаница!

Познатиот македонски фолк пар Зуица Лазова и Наум Петрески живеат заедно 16 години и имаат две деца - Македонка и Стефан, но малкумина знаат дека парот ја немаше овековечено својата љубов со брак.  

Тие дури годинава, односно летово во јули решиле да склопат граѓански брак и да се заколнат на вечна љубов пред Бога.

А медиумот ММС ексклузивно дознава дека Зуица и Наум тајно склопиле граѓански брак, а потоа и се венчале во црква, но не сакале јавноста да знае за тоа.

Според изворите на ММС, Наум и Зуица најпрво склучиле граѓански брак во Скопје, а десетина дена подоцна се венчале во Охрид, поточно во Свети Наум. 
Тие направиле мала прослава со најблиските.

извор и фото: ММС

Не стануваме од трпезата додека не стане најстариот член: Обичаи за Бадник во семејството на Зуица Лазова и Наум Петрески

Наум е посилен кога Зуица му го чува грбот: Фолк-пејачите модно усогласени на „Пиволенд“ (ФОТО)