Тамара горда на ќерката: Малата Хана растури на концерт во НОБ

Добивај вести на Viber

Ќерката на пејачката Тамара Тодевска, Хана вчеравечер имаше настап во Националната опера и балет.

Kако член на танцовиот клуб „Еурека“ беше дел од концертот насловен „Сеќавања“.

Станува збор за инклузивна танцова претстава, кохензија на музика, танц и бесценета емоција, музичка прошетка низ времето и македонските евергрини.

Малата Хана познато е дека обожува да танцува, тоа неколку пати го покажува и Тамара преку видеа кои ги објавува на социјалните мрежи.


Хана дури и имаше деби во спотот на нејзната мајка за песната „Торнадо“, која на крајот од видеото изведува своја кореографија.

Фото: Инстаграм