Тамара проговори: Вистината за пријателството со Елена
Откако Елена Ристеска неодамна за „Женски магазин“ ги демантираше шпекулациите за наводното ривалство помеѓу неа и Тамара Тодевска, конечно се огласи и другата страна.
- Колешка и другарка каква што секој би посакал- напиша Тамара на „Инстаграм“ објавувајќи на „стори“ заедничка фотографија со Елена и со тоа ставајќи крај на муабетите дека тие две не се следат на популарната социјална мрежа.
По пишувањата на некои портали дека популарните пејачки се скарани, пред еден месец ние ја дознавме точната приказна од прва рака.
- Јас таква информација немам, првпат слушам. Последните пораки мои и нејзини се поддршка за сѐ што ѝ се случуваше, а од нејзина страна благодарност што сум тука за неа од кога сме се запознале. Некој сака да направи некаков хаос, но нема да му успее...кој и да е тој - ни изјави Ристеска.