Името Тамара е од хебрејско потекло, потекнува од хебрејскиот збор „tmar“ што значи - палма. Тамара е библиско име, така што е познато не само во нашиот регион.
Палмата беше свето дрво во античкиот свет, а гранката на палмата е симбол на победа, триумф, мир и вечен живот. Името постоело пред Христа, но се ширело низ целиот свет со ширењето на христијанството.
Самото име потекнува од старото библиско име Тамар, кое се појавува двапати во Стариот завет. Најинтересната Тамара од Библијата е опишана како снаа на Јуда.
Личностите кои го носат ова има се смета дека се љубопитни, но не злонамерни и имаат голема способност да влијааат на другите. Исто така се прилагодливи на промени.