„Танц со ѕвездите“ ги спои, а денес прославуваат 10 години од првиот бакнеж: Сара и Димитар евоцираа спомени од нивното запознавање

Добивај вести на Viber

Познатиот естраден пар Димитар Атанасовски и Сара Мејс не е тајна дека љубовната приказна ја започнаа додека беа учесници во шоуто „Танц со ѕвездите“.

Во тој период Сара Мејс како партнер за танцување го имаше танчерот Мишо Спасовски, додека Димитар како танцова двојка ја имаше Јована Василевска.

Сара преку Инстаграм приказна евоцираше спомени од тој период и откри дека со Димитар прославуваат годишница од нивниот прв бакнеж.

На првата инстаграм приказна Сара напиша: „Имаше едно време едно прекрасно шоу што се викаше „Танц со ѕвездите“. Мој партнер беше Мишо Спасовски, а оваа емисија ја снимавме пред точно 10 години од денес“.

Фотографијата на која ја објави каде што се заедно со Димитар, Сара напиша дека таа вечер „паднал“ нивниот прв бакнеж, и оттогаш до сега слават 10 години.

Оваа година харфиската и пејачка Сара и водителот Димитар ќе одбележат 7 години брак. Парот се венчаше во 2017 година и сега се родители на две дечиња, поголемата Илина и помалиот Кирил.

Фото: Инстаграм