Легнав од љубов.
Од страст.
Од желба.
Од повреда и немир.
Од инает кон забрани.
Од сон за промени.
Од презаситеност од замени.
Од презир, жед, страв,
од сомнеж и лековереност,
од копнеж и аздисаност.
Легнав со цела армија.
Цела армија чувства.
Ја загубив борбата,
будејќи се во празен кревет,
со душа исцедена на чаршафот.
Гола.
И бесчувствителна.
За Женски магазин поетесата Тања Крмзова Костиглиола