Тања Савиќ мора на итна операција! Пејачката не може да зборува, ги откажала сите настапи!

Добивај вести на Viber

Фолкерката, по Словенија, ги одложи сите други настапи во следниот месец.

Пејачката Тања Савиќ мора итно да ги оперира гласните жици, во спротивно нема да може да зборува, а камоли да пее, велат нејзините блиски соработници. Имено, фолкерката неодамна поради здравствената состојба го откажа настапот во Словенија, а потоа и сите останати во следниот месец за да се справи со проблемите со гласот.

Тања Савиќ не се грижела за своето здравје, па состојбата и се влошила.

-По којзнае кој пат ѝ пукна гласот, па мораше да ја откаже свирката. Кога добила температура, Тања отишла на лекар и состојбата е алармантна. Ова не е првпат да и биде понудена операција. Минатиот пат се однесуваше многу неодговорно и штом состојбата малку и се подобри, продолжи да пее наместо да ги слуша лекарите и што поскоро да се оперира - вели извор близок до пејачката и продолжува:

- Сега таа беше доста исплашена. По Словенија, таа веднаш ги откажала сите други тезги кои ги закажала за следниот месец за да реши некој здравствен проблем. Прво, таа мора да ја стабилизира својата температура и да се доведе во нормална состојба пред да влезе под нож.

Пред неколку дена Тања Савиќ ги известила своите обожаватели дека е болна.

Инаку, пред неколку дена Савиќ и се обрати на публиката преку видео на Инстаграм.


- Драги мои, имам важна најава, можете да слушнете како ми е гласот, поради тоа морам да го откажам настапот во Словенија, се радував на тој настап, знам дека и вие се радувавте, но можам , не се пее вака. Не можам да пеам, имам температура. За еден час одам на лекар на преглед. Не знам што ќе ми кажат – изјавила тогаш Тања, а подоцна не се огласила.