Татко ми во САД после мои 13 години тука: Згодната прилепчанка е позната пејачка и професорка во Лас Вегас (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Прилепчанката Оливера Ѓоргоска ѝ е позната на македонската публика како згодната пејачка со моќен глас од музичкото шоу „Моја ѕвезда“, која има неколку свои песни, а и настапи на музички фестивали.

Имено таа веќе 13 години живее и работи во САД, каде замина за музичко доусовршување, а доби и американско државјанство.

Оливера со својата последна објава на Инстаграм откри дека дури после 13 години за прв пат во посета ѝ дошол татко ѝ. На нејзината среќа ѝ нема крај, и таа со задоволство го шета низ Лас Вегас.


Низ своето успешно остварување на сонот во САД, Оливера има запознаено многу светски ѕвезди меѓу кои и нејзиниот идол Селин Дион, диџејот Стив Аоки, како и манекенката Алесандра Амбросио.