,

Tатковата љубов е прекрасна: Видео од татко во инвалидска количка и ќерка кои се санкаат, го расплаче регионот

Сè уште не е докажано дали има поголеми радости за децата од уживањето во снегот, а ќе ве воодушеви и потегот на татко во инвалидска количка за да се осигура во уживањето на неговата ќерка.

Видеото е објавено на Фејсбук страницата „Мојот град Сремска Митровица“, во описот на видеото пишува „Татковата љубов е прекрасна“, а тоа што го направи овој татко, цел регион го прераскажува и споделува веќе со денови. 

Имено, за да го забавува детето на снег, таткото кој се движи со помош на инвалидска количка, со јаже си закачил гума на која својата ќерка ќе ја влече по снегот. Од видеото можеме да видиме дека девојчето ужива во ова санкањето.


Видеото набрзо стана вирално, собра над 10.000 лајкови и го погледнаа 80.000 луѓе. А сите беа воодушевени од тоа што го направи овој татко, ова се само дел од коментарите:

„Тато може сè, браво“, „Сите пофалби, прекрасен татко“, „Храбро напред“, „Ова е прекрасно“, „Овој татко е херој, среќно е ова дете бидејќи тој е неговиот татко“..

извор:zena.blic.rs
фото:printscreen