Тато ги исполнува сите желби на Иво и Љупка: Ненад семејно на одмор во Неа Каликратија

Добивај вести на Viber

Познатиот водител Ненад Ѓорѓиевски ужива во благодатите на летото и од горештините се разладува во соседна Грција

Имено деновиве тој со семејството е на летен одмор, а дека уживаат максимално во Неа Каликратија покажуваат фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи.


Имено водителот прикажа како тој и близнаците Иво и Љупка подготвуваат кајак со кој заминуваат да веслаат во морето. Секако тука е и сопругата Горана.

Неа Каликратија очигледно е една од нивните омилени дестинации, судејќи по тоа што често споделуваат фотографии од таму.