ТАЖНО ПИСМО НА МАЈКА НА ДЕВОЈЧЕ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ: Мојата Елена не ја сакаат во училиштето

Добивај вести на Viber

По трогателното писмото на мајката Ана кое го пренесеоа повеќе регионални медиуми, малада Елена денеска е запишана на училиште и оди во редовна настава. 

Регионалните медиуми го објавија трогателното писмо на Ана Вујиновиќ од Загреб, мајката на две деца, од кои едното завчера требаше да тргне во прво одделение.

Мата Елена е дете со посбени потреби и возбудено очекувала да го кажат нејзиното име во новото училиште, но тоа не се случило. Детето останало само, надвор од училницата, во големата сала, без одредено одделение затоа што никој не  се погрижил за неа. На мајката ѝ рекле оти никој од одговорните во училиштето не знел дека Елена ќе дојде, пишува хрватскиот портал „Индекс“.

Трогателното писмо, кое го упатува до надлежните институции, мајката го објави на фејсбук.

Мајката на Елена, Ана 

“Елена денеска остана сама. Во салата на нејзиното основно училиште. Во нова облека, со нов ранец. Во неверица, во паника и во солзи.  Цело утро, а и претходниоте неколку недели, таа го очекуваше првиот училишен ден.  Вели, ќе облече фустанче. Вели, ќе ја запознае учителката. Веројатно, во нејзината глава, таа е како некоја добра самовила. Во големата сала по приредбата за добредојде, таа рече: децата ми пеат на мене, мама? По прозивањето на првачињата од своите наставници таа трпеливо чекаше да ја повикаат и неа, но не дочека, со сите нејзини здравствени потешкотии. Не дочекавме да ја испратиме во прво одделение како и сите родители. Не пречека прашалниот поглед на директорот на училиштето, кој немаше поим кои сме, од каде сме и што правиме тука. Додека ги прегледуваа моите документи кои ги добивме од Општината, заклучија дека освен што немаат место, немаат ниту програма која е соодветна за Елена. А Општината одлучи дека Елена ќе оди токму во ова училиште. Не она во која што оди нејзиниот брат, кој исто така е дете со посебни потреби, туку токму ова. Ми објаснија дека тоа е во интерес на детето. Директорот е беспомошен. Не е тој виновен. Дури денеска, од мене, дозна за ова решение. Елена денеска остана сама“, е дел од тажното писмо на мајката.

Таа додава дека од училиштето ѝ рекле дека немаат пари, немаат кадар. „Немаат финансиски интерес, би рекла јас“, додава Ана во писмото и вели дека документите за упис ги предала и пред рокот. 

По писмото кое го пренесеоа повеќе регионални медиуми, малада Елена денеска е запишана на училиште и оди во редовна настава. 

“ Решението за упис на детето на училиште мајката ни достави на самата приредба. Претходно никој не ни го испратил. Штом мајката ни го даде, го запишавме детето на настава“, изјавил директорот на училиштето Миливој Магар. 

„Мислам дека не е ничија грешка. Да дојдеше мајката кај мене само пет мунути пред приредбата, ова немаше да се случи“, додал директорот. 

Мајката Ана, за хрватските медиуми рекла дека сппоред неа е виновна градската управа, односно Министерството за образование. Решението за упис на Елена во училиште, таа го добила во петок попладне, а приемот на ученици бил во понеделникот. Таа се надева дека и ќерката Елена и нејзиниот брат кој е петто одделение ќе добијат стручни асистенти при наставата. 

Фото: Индекс.хр, Н1