,

Те избрав за животен сопатник и не планирам некогаш да го сменам тоа: Поучен текст од сопругата до сопругот

Добивај вести на Viber

„Мој драг сопруг, придружник на животот и најдобар пријател, ти ветувам дека ќе бидам секогаш до тебе каде и да нè однесе животот.

Јас ти давам збор дека никогаш нема да те оставам, колку и да ни е тешко понекогаш. Доволно долго сме заедно за да не можам да си го замислам животот без тебе во него. Беше до мене кога не се чувствував своја, беше кога од страв едвај можев да излегувам од дома.

Беше до мене кога се чувствував премногу слаба за да можам да продолжам понатаму. Беше до мене кога веќе немав волја за ништо. Беше и кога се соочував со загуби и кога доживував подеми и падови.

Беше до мене кога некои многу драги луѓе во мојот живот ме разочараа и ме предадоа. Заедно надминавме многу неволји. Надминавме толку многу тешки пречки што дури и денес ме изненадува како успеавме да ја најдеме нашата среќа.

Бевме заедно во најголемите бури, но и во најубавите моменти од нашите животи. И ова е само почеток. Ќе има денови кога ниту ти, ниту јас нема да имаме време да разговараме. Ќе има денови кога нема да се разбираме, кога ќе се погледнеме во очи и нема да знаеме кои сме.

Ќе има денови кога времето ќе нè стави на тест уште еднаш, денови кога ќе треба да си ја докажеме љубовта еден на друг и да се осигураме дека сме доволно силни за да се избориме со сите пречки што ни се појавуваат. Ќе има ноќи кога нема да заспиеме еден покрај друг.

Некогаш поради лутина, а понекогаш и заради некои наши внатрешни борби. Ќе има моменти кога страста меѓу нас ќе исчезне, но и тогаш сакам да знаеш дека ќе се обидам да те потсетам дека секогаш сум тука покрај тебе. Те избрав за животен сопатник и не планирам некогаш да го сменам тоа.

Се заколнав дека ќе го поминам животот покрај тебе и така ќе биде, засекогаш. И покрај сите проблеми, сакам да знаеш дека се грижам за тебе и дека ништо не може да го промени тоа. Што и да се случи и каде и да не однесе животот, ветувам дека ќе останам покрај тебе.

Дури и кога ни се чини дека сè е против нас, дури и кога ни е тешко да продолжиме понатаму. Дури и кога е потребно многу трпеливост и напор да ги добиеме сите наши битки. Знај дека ќе бидам овде покрај тебе - засекогаш, твојата сопруга“

извор: infpult.info