Те сака тато твојот вечен слуга: Панчо ДНК со роденденска посвета за поголемиот син Андреја

Владимир Блажев - Панчо ДНК или уште познат и како Диџеј Шорти Пи, на Инстаграм објави фотки со својот син Андреја и му го честита 11-ти роденден.

-Многу сум горд на тебе пријателе.
Денес го достигна нивото 11, но секогаш ќе бидеш моето бебе
Среќен роденден СИНЕ
Те сака тато
Твојот ВЕЧЕН СЛУГА - напиша гордиот татко.

View this post on Instagram

A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)


Андреја е поголемиот од двата сина кои Панчо ги има со сопругата Маја, додека пак помалиот, Марјан има шест години и е прваче. На прашањето какви деца се неговите синови и кои свои особини ги препознава кај нив, Панчо во интервју за Женски Магазин раскажа:

„Скромни и дружељубиви. Драго ми е дека се воспитани и лично јас имам некои принципи кои пробувам да ги имплементирам врз нив додека се мали. Деца како деца палави се и сè уште е рано да препознаам мои особини во нив. Среќен сум што Андреја сака спорт и во моментов тренира фудбал, а Марјан е маалска маскота што значи дека има големи шанси да тргне по моите стапки. Тоа значи тешко мене, но нека се живи и здрави. Како ќе старееме без проблеми, нели? “


-Побарав работа зашто ми треба финаниска помош: Панчо стана пица мајстор

-Панчо за борбата со анксиозноста: Најтешко ми беше кога ќе ме фатеа паничните напади додека сум на сцена