(ФОТО) Синот на Панчо се исфарба: Гордиот татко го „почести“ со качување на Водно
Панчо од дуото ДНК или Владимир Блажев е горд татко на синовите Андреја и Марјан, кои ги има со сопругата Маја.
Во една прилика во интервју за Женски Магазин Панчо раскажа какви деца се неговите синови и кои свои особини ги препознава кај нив. Па сподели дека се скромни и дружељубиви, и дека му е драго дека се воспитани.
„Деца како деца палави се и сè уште е рано да препознаам мои особини во нив“ - рече тогаш Панчо.
„Го дочекав и тој ден син ми Андреја да ми побара да се фарба дека така било модерно..... Пази, он мене ми кажува као ја од марс да сум паднат. Море, море напредна младина“ - напиша тој во описот на фотографиите од Андреја со нова фризура и му се заблагодари на фризерот Даниел Николовски за реализирање на големата желба на Андреја.
Денес Панчо и Андреја во авантуристички дух, испраќаат поздрави од врвот на Водно.
„Ова е моја прва љубов и вечна инспирација, а јас неговиот вечен слуга“, напиша гордиот татко, чиј син се искачи со него на Водно без ниту една пауза, а Панчо ги повика родителите да ги учат децата да се грижат за себе, за своето здравје и да ги почитуваат вистинските вредности.
Панчо неодамна изјави дека ќе му биде вечен слуга и на помалиот син, Марјан.
Андреја со новата фризура: