Телеком продолжува да ја гради 5G мрежата низ Македонија
Македонски Телеком продолжува да ја гради 5G мрежата на целата територија на Македонија. Во тек е интензивна работа на терен со партнерот Ериксон за замена на постоечката технологија со опрема од најновата генерација којашто ќе овозможи 5G услуги, поголем капацитет и подобро корисничко искуство.
Од август до сега, покриени се 11 градови во централниот и западниот дел на државата, а до крајот на годината ќе се покријат уште 2 во јужниот дел: Гевгелија и Дојран. Со планираните активности до крајот на годината, 20% од населението ќе биде покриено со опрема од најновата генерација, а до средината на наредната година поголемиот дел од населението во урбаните средини ќе има можност да користи 5G услуги. За модернизација на мрежата и овозможување 5G, компанијата инвестира над 45 милиони евра за наредните четири години.
Телеком ќе понуди 5G услуги со гигабитни брзини веднаш по добивањето на одобренијата за користење радиофреквенции од АЕК, што се очекува во првото тромесечје од 2022 година.
5G - сојузник против климатските промени
Големите брзини и капацитети на новата 5G мрежа ќе донесат револуција во корисничкото искуство и создавање досега невидени услуги и производи коишто ќе ни го поедностават животот во сите сфери.
Технологијата од петтата генерација,заедно со новите технологии: Интернет на нештата, Паметни сензори и Вештачка интелигенција, ќе овозможи рационално и ефикасно да ги користиме природните ресурси и енергијата, да го зачуваме биодиверзитетот, да го зголемиме производството на храна, да ја намалиме емисијата на штетни гасови и др. Овие технологии ќе бидат најсилната алатка во борбата против климатските промени.
ПР објава