Телешки мускул и македонски сирења: Што му зготвија од „Рагуза“ на папата Франциск?

Добивај вести на Viber

Вкусна и квалитетна храна, ексклузивно уреден простор и пријатен амбиент со 360 степени поглед на главниот град Скопје е ресторанот за свадби и настани Рагуза360. Руфтопот е дел од брендот Рагуза кој подготвува настани за државни институции, дипломатски претставништва, компании како и ВИП приватни настани, свадби, родендени, крштевки.

- Да се гради бренд во угостителството во нашата земја цели 25 години потребна е посветеност и постојано инвестирање во иновативни технологии за храната, нови специјалитети и модерен внатрешен дизајн со пријатен амбиент за секоја пригода. Еден од предизвиците и задоволствата беше и моето готвење за папата Франциск, кој имаше можност да вкуси од нашите приготвени специјалитети - вели Мирко Голомеиќ, сопственик и главен готвач во Рагуза.

Ресторанот „Рагуза“ беше задолжен и за менито на папата Франциск.

- При посетата на Македонија, папата Франциск ручаше во резиденцијата на скопскиот бискуп. Дегустираше телешки мускул, динстано месо, компири, ориз со пилешко, салати, сирења - сѐ во знакот на традиционалната македонска кујна - ни откри сопственикот Голомеиќ.

Рагуза360 е современ ивент центар специфичен по својата локација и амбиент, уреден со модерен минималистички ентериер и нота на софистицираност со цел да ги дизајнира вашите најважни настани од животот.

- Кога го креиравме проектот Рагуза360 сакавме да направиме уникатно место за настани и свадби. Атрактивната локација, ентериерот и вкусната храна надополнети со беспрекорната услуга со сигурност создаваат комплетно уживање во вашиот најсвечен ден од животот - додаваат Перица и Гоце Голомеиќ, менаџери и споственици на ресторанот Рагуза360.

Под брендот Рагуза во моментов работат 4 објекти распространети низ градот Скопје:  Рагуза360 во Центар, ресторанот Парк и игротеката Киндер Парк во Градски парк и Вила Рагуза на Водно.