Тешко е, но одлуката не ја донесов случајно: Јелена Перчин и Момчило Оташевиќ се разведуваат по 4 години брак

Добивај вести на Viber

Актерската двојка Момчило Оташевиќ и Јелена Перчин се разведуваат по четири години брак

Црногорскиот актер Момчило Оташевиќ и хрватската актерка Јелена Перчин се разведуваат по четири години брак. Актерката искрено проговори за пресвртот во нејзиниот живот, не криејќи дека ова ѝ бил тежок период во животот.

View this post on Instagram

A post shared by Momcilo Otasevic (@olicmom)


„Тешко е. Глупаво ми е да лажам. Се разделуваме. Отсекогаш сум се трудела да не зборувам за интимноста, не зборував за свадбата и нема да зборувам ни за разводот. Секој развод е страшен. Страшен настан и страшен период. Сконцентрирана сум на тоа да бидам што е можно поприсутна и поприсебна заради децата“, изјави Јелена за хрватското издание на магазинот „Глорија“ и истакна дека има огромна поддршка од нејзините пријатели.

View this post on Instagram

A post shared by @perjelka


„Добив безрезервна поддршка од моите пријатели. Мојот интимен круг е со мене цел живот и одлично се познаваме и си веруваме. Сите знаеја дека одлуката не ја донесов случајно", рече актерката и откри дали се плаши.

„Се плашам само од болест. Доживеав многу во животот, многу екстремни ситуации и научив дека е можно да се преживее. Во мојата глава, сè додека сум здрава и имам две раце и нозе, некако ќе биде. Ќе можам да направам нешто.“ искрена беше Јелена.

Јелена и Момчило се запознале во 2013-та година на снимањето на серијата „Дубровничка зора“.

„Јелена ја запознав на кастинг. Ме праша колку години имам. Кога и кажав дека сум 90-то годиште, мислеше дека се шегувам. Ме покани подоцна на кафе да разговараме за снимањето, работевме, бевме одлични партнери, пријатели. Но некој да ми речеше тогаш дека ќе се заљубиме, дека ќе останам во Загреб, ќе живеам овде, немаше да му верувам“, изјави тогаш Момчило за „Story.hr“.

„Изгледаше како да не ни знаевме што се случува, па практично тоа го криевме од себе, а не од колегите. Љубовта се роди од големо пријателство, а можам да ви кажам дека тоа е многу убава патека. Им откривме на нашите колеги после месец-два“, изјави претходно Оташевиќ за „Дневник.хр“.

Во 2018-та година на интимна церемонија во Црна Гора ја крунисаа врската со брак, а истата година се роди и нивната ќерка Маша.

View this post on Instagram

A post shared by @perjelka


„Многу сум среќен во оваа улога и на татко и на сопруг. Сега сум глава на семејството, сега треба да градам и создавам. Се огледувам на татко ми и го прашувам милион пати за совет и се обидувам да се сетам како тој постапуваше со сестра ми и со мене. И уживам. Мислам дека сум создаден за улогата на татко и сопруг, навистина ми е убаво. Откако сум во брак и од кога имам дете се будам поубаво“, изјави популарниот актер по венчавката и раѓањето на наследничката.

Во 2020-та година, парот го доби второто заедничко дете, синот Јакша, а Јелена ја има и ќерката Лота од првиот брак со загрепскиот претприемач Кристијан Бабиќ.

Извор: lepaisrecna.mondo.rs