„Ти не чекориш низ животот синкац, ти трчаш, пливаш, се качуваш, паѓаш и стануваш“: Тони Михајловски со емотивна порака за роденденот на синот Александар

Добивај вести на Viber

Актерот Тони Михајловски има повод за славење. 

Тој на социјалните мрежи му го честиташе роденденот на неговиот постар син, Александар.

„Денес ни е убав ден, на Алек наш му е роденден. Да живееш и среќен да бидеш сине. Ти не чекориш низ животот синкац, ти трчаш, пливаш, се качуваш, паѓаш и стануваш. Да си жив и здрав! Те сака Папи“.


Инаку и Александар е актер како Тони, но нивната сличност е неверојатнa и по нивниот изглед. Народски речено тие буквално се како „јајце на јајце“.

A, неодамна Тони на свој хумористичен начин без искажан збор ги насмеа сите, ОВДЕ погледнете како.


Фото: Youtube - screenshoot

Р.Ж.М.