Ти си единствената: Обама со романтична честитка за Мишел

Добивај вести на Viber

Поранешната прва дама на САД Мишел Обама денеска полни 55 години. Нејзиниот сопруг, Барак Обама и оваа година ѝ го честита роденденот со романтична објава на социјалните мрежи.

„Тоа го знаев тогаш и апсолутно сум и денеска уверен во тоа- ти си единствената. Среќен роденден моја Мишел“,  ѝ порачал Барак на својата сопруга покрај заедничката фотографија од минатото.

Барак и Мишел се запознаа во 1989 година, а својата врска ја официјализираа во 1992 година. Зад оваа двојка, има многу убави спомени, успешно водење на една од најсилните држави на светот, складен брак и две ќерки, Малија и Саша. 

Стилот на Мишел, уште додека беше првата дама го фалеа модните критичари, а ништо не се смени ниту откако не пресели од Белата куќа. И понатаму, многу жени својата инспирација ја наоѓаат во нејзините креации.