Ти си сѐ што некогаш можевме да посакаме: Ќерката на Бабунски полни 1 годинка
Денес третата радост во домот на младиот македонски репрезентативец и фудбалер Давид Бабунски, слави роденден.
Малата Алина полни 1 годинка а по тој повод нејзината мајка се огласи на социјалните мрежи.
„Среќен ПРВ роденден животе мајкин.
Се сеќавам како да беше вчера кога те ставија на моите гради, моја слатка палешко... Уште тогаш знаев дека си лавица во душа. Ти си сè што некогаш можевме да посакаме. Само продолжи да цветаш, биди здрава и среќна.
Те сакаме бескрајно,
мама, тато, Ели и Лиам“ - напиша Катарина на Инстаграм.
„Иако не очекувавме дека ќе се породам тој ден, породувањето помина супер. Се породив по природен пат и траеше малку подолго, но имав одличен тим на доктори покрај себе и цело време се чувствував среќно и безбедно. Пред самиот крај успеавме да го вклучиме и Давид преку видео повик и сигурно и двајцата ќе го памтиме ова искуство“ - раскажа Катарина специјално за Женски магазин кога се оствари во улогата на мајка по трет пат.