ТИЕ СЕ ВО БРАК 48 ГОДИНИ: Два пати го победија ракот, заедно беа сиромашни и богати

Добивај вести на Viber

„Да се сакате, тоа не значи да се гледате меѓусебно, туку заедно и во иста цел“. Овие убави зборови на Егзипери веќе половина век на совршен начин во дело ги спроведуваат бабата и дедото кои се заљубени како првиот ден.  


Љубовта помеѓу 71-годишниот Марвин Бревингтон и 68-годишната Ванда со фотоапарат ја овековечи нивната ќерка Амбер Робинсон, која се занимава со фотографирање на венчавки.  

- Да бидам искрена, често после венчавка размислувам за денот, неделите или годините кои следат по венчавањето. Затоа денес со вас споделувам фотографии кои покажуваат како годините после венчавка изгледaат кога постои вистинска љубов. Ова се моите родители, кои се во брак 48 години, два пати го победија ракот- напишала Амбер на социјаните мрежи.


 - Одгледаа две ќерки. Заедно беа сиромашни и богати. Хранеа, штитеа и  советуваа бројни изгубени души. Толку сум горда што ги викам мамо и тато. Тие се постојан потсетник дека венчавката е само еден ден, но бракот е засекогаш. Ако сте еден од милион заљубени или можеби едно од милион скршени срца на кое му треба потсетник дека љубовта е вечна, би сакала ова да го споделите како моите родители би знаеле дека се инспирација на сите кои сакаат, веруваат или се вљубени- додала нивната наследничка.  


Таа истакнала дека не била секогаш воодушевена од заљубеноста на своите родители, па нејзе и на нејзината сестра и било грозно постојано да гледа како нивните родители често се гушкаат и бакнуваат.

 - Пораснавме со реалната слика на љубовта-мојот татко има мултиплу склероза и двапати преживеа рак на простата, а мајка ми му беше поддршка- наведува Робинсон.  

Хероите на нашата приказна, Марвин и Ванда, се запознале на Ливингстон колеџот во Солзбери. Тој бил фудбалска ѕвезда и голем заводник, додека таа била срамежлива девојка од мал планински град. Тие спротивности ги споиле, а се венчале во 1970 година.