Тијана за внукот Дарен: Детето личи на мене

Денеска се породи пејачката Тамара Тодевска и на свет го донесе синот Дарен. Таа ја објави и првата фотка со синчето на социјалните мрежи, а честитките од сите страни не стивнуваат.

- Радооооооооооост!!! Станав тетка по втор пат. Добредојде Дарен, да си здрав, среќен и насмеан форевер, те сака кека!!!! Мајка Тамара ти честитам и те сакам. Извини Мачка ама детето личи на мене, честито татооооо- напиша среќната тетка, познатата Тијана Дапчевиќ.