Тимот „Посилна жена“ на Lisca трчаше на Авицена Женска трка со порака сите да ја најдат моќта во себе
Даниела Димовска Колиќ: „Бидете жената која ја дава силата на другите!“
За да ја поддржат моќта на жената, Lisca креираше тим „Посилна жена“ кој беше дел од Авицена Женска трка во неделата, 31-ви март 2019. Тим од вработени, но и поддржувачи како фитнес тренерите Драгана Младеновска и Маја Самарова и моделите Бојана Нушкова и Александра Бошњаковска излегоа на патеката со една единствена порака.
„Со Lisca тимот сакаме да ги мотивираме жените, без разлика дали се менаџери на компанија, мајки на двомесечно бебе, или пак матурантка која го дава својот следен чекор во своето образование. Вниманието и работата на себе е нешто кое ве поттикнува да бидете посилни и да ги исполните сите соништа.“, вели Даниела Димовска Колиќ, извршен директор на Lisca. Таа додава дека „Секој момент треба да ја обезбедуваме потребната поддршка и поттик да работиме на себе, за достигнување на целите. Време кога црпиме инспирација од жените кои се во нашиот живот и нашата близина е клучен. Жени кои ги следиме и се наш патоказ како да станеме посилни. Примери од кој учиме за посветеност, упорност, работа, решителност. Бидете жената која ја дава силата на другите!“
Тимот може да го погледнете на: https://youtu.be/cSq7YuOHwSU
Според нив, силата треба да ја црпиме од вниманието посветено за себе. Времето поминато во физичка активност, во грижата на своето тело, во спокојство поминато со добра книга, во сѐ што го прави секој среќен на свој посебен начин.