Toa беше најголема чест во мојот живот: Проштална порака од Првата дама на САД Меланија Трамп

Добивај вести на Viber

Првата дама на САД, Меланија Трамп, ќе ја напушти Белата куќа за два дена кога ќе истече претседателскиот мандат на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, денес и се обрати на нацијата. 

Во писмото објавено на веб-страницата на Белата куќа, таа рече дека најголема чест за неа било да е прва дама на Соединетите Американски Држави, да им служи на граѓаните. 

- Бев инспирирана од неверојатни Американци кои ги возвишуваат нашите заедници со својата љубезност и храброст, позитивност и благодат. Изминатите четири години беа незаборавни. Сега кога Доналд и јас го заклучивме времето во Белата куќа, мислам на сите луѓе што ги примив во моето срце и нивните неверојатни приказни за љубов, патриотизам и решителност, напиша Меланија Трамп. 

Во писмото, таа исто така им се заблагодари на сите медицински сестри, лекари, здравствени работници и многу други кои работат на спасување животи и им изрази сочувство на семејствата кои ги загубија своите најблиски поради пандемијата на корона вирус. 

-Секој живот е драгоцен, и ги замолувам сите Американци да бидат претпазливи и со здрав разум за да ги заштитат загрозените, бидејќи сега се испорачуваат милиони вакцини, се вели во писмото. 

Меланија исто така напиша дека страста за помагање е иницијатор на нејзината политичка иницијатива како прва дама. – Ја почнав акцијата „Биди најдобар“ за да се осигурам дека ние како Американци правиме се што е во наша моќ да се грижиме за следната генерација. „Биди најдобар“ концентриран на три столба: благосостојба, безбедност на Интернет и злоупотреба на опиоиди - напишала првата дама за својата иницијатива. 

Збогувајќи се, таа му се заблагодари на американскиот народ и напиша дека зборовите не можат да ја изразат длабочината на нејзината благодарност за привилегијата да биде прва дама на Соединетите држави.


Фото: Profimedia