Тоа само по дома ќе го носиш и нема сликање за Инстаграм, разголена никако“: Огнен Амиџиќ почна со рестрикции кон 17 години помладата девојка Мина
Водителот Огнен Амиџиќ од неодамна потврди дека е во врска со колешката Мина Наумовиќ, која е 17 години помлада од него, а она што ја заинтиргира јавноста е дека тој не успеа да ја сокрие љубомората кога е во прашање неговата девојка.
Во нивното последно јавно појавување, поточно во последната емисија на Огнен, тој и забрани на Мина да се соблекува.
Оние кои ја следат девојката на водителот на Инстаграм можат да забележат дека има доста провокативни фотографии поставено на својот Инстаграм, а неодамна и Огњен призна дека тоа му пречи.
Имено, тој во својата емисија се наводно се пошегувал кога станува збор за облекувањето на Мина, дека подарокот која таа го доби од една гостинка во емисијата нема да смее да го носи во јавност.
- Мина може да го проба подоцна. Подарокот е многу е многу убав. Може да се носи, но само дома. Да не излегува во јавност и не се слика за Инстаграм, изјави Огњен.
Па ако се суди по тоа дека во секоја шега има половина вистина, може да забележиме дека Огнен е малку љубоморен, но сето тоа е во ред додека е во нормални граници.
Инаку, неодамна како бомба одекна веста дека Амиџиќ излегува со атрактивната бринета. Мина поголемиот дел од времето го поминува во луксузниот дуплекс на Огнен,а се шпекулира дека веќе и се вселила кај него. Парот за сега ги избегнува рестораните во Белград за да не наиде на љубопитните погледи, но затоа секое слободно време го користат за да отидат на некое патување.