„Тоа што го носи на нозете е ужас“: Ирина Шаjк ги рaзочара модните критичари
Манекенката Ирина
Шаjк, судејќи по последните настани се повеќе преферира необични монди
комбинации, па така беше и на синоќешната Мет Гала. Додека некои беа воодушевени,
многумина беа разочарани од изборот.
Познатата манекенка носеше необичен модел на фустан - ноќница. Додека на многумина им се допадна нејзината едноставност, дискретната шминка и лежерна фризура, многумина и тоа како ја критикуваа поради комплетниот стајлинг, велејќи дека изгледа како штотуку да станала од кревет, односно, дека требало повеќе да внимава на шминката и фризурата.
Покрај облеката она што привлече големо внимание беа чевлите, попознати како балетанки. Додкека некои велеа дека се шик, други и тоа како ја критикуваа.
-Тоа што го носи на нозете е ужас, беа најчестите коментари од критичарите.
Во „ноќница“ беше и славната Кејт Мос која на церемонијата дојде со ќерката Лила Грејс Хак Мос.
На Мет Галата беше
и поранешниот вереник на Ирина Шајк, актерот и режисер Бредли Купер. Парот ја
продолжи традицијата да позира одвоено на црвениот килим и не само тоа, тие избегнуваа
воопшто да се доближат еден до друг.
Фото: Profimedia