Тодевска ечеше во Турција: Тамара избрана за „Најдобра македонска пејачка“ на "Best of Rumeli 2022"
Наградата „Најдобар македонски уметник“ од церемонијата 'Best of Rumeli 2022' која се одржува секоја година во Турција, годинава заврши во рацете на нашата прекрасна Тамара Тодевска.
Пред некој ден, пејачката Тамара Тодевска и нејзината мајка, Бранка, заминаа за Турција, од каде покажаа како го поминуваат заеднички времето, но сега Тодевска откри дека причината за посетата на Истанбул не била само обична прошетка. Мама Брана заминала со ќерката Тамара да ѝ биде поддршка при доделувањето на наградата „Најдобра македонска пејачка“ на "Best of Rumeli 2022".
- Уште една награда на која сум особено горда и среќна. Благодарам "Best of Rumeli 2022".
Секое признание ми е важно, затоа што е потврда дека имаме квалитетна музика која е препознаена и вреднувана и надвор од Македонија - напиша пејачката покрај фотките.
И за оваа церемонија, Тамара покажа извонреден стил како што доликува на пригодата. Во долга црна тоалета со пердуви на ракавите,пејачката изгледа фасцинантно.
По подигунавањето на наградата, Тамара излезе на сцена и ја отпеа евровизиската песна „Proud“.
Инаку наградите 'Best of Rumeli' се организирани со цел да бидат најсилен мост кој ја поврзува Анадолија и балканскиот свет, а минатата година на оваа манифестација, за „Најдобар македонски уметник“ беше избрана Елена Ристеска.