Тој имал 19, таа 42 години кога се заљубиле на прв поглед: Интригантната љубовна приказна на славната двојка трае една деценија
Фото: Profimedia
Еден од најзгодните, но и најталентирани британски актери, Арон Тејлор Џонсон (30) и режисерката Сем Тејлор Џонсон, цела деценија ја интригираа светската јавност со нивниот брак.
Толку голема разлика во возраста честопати е предмет на контроверзии и многумина тврдат дека таквата врска не е одржлива. Сепак, Арон Тејлор Џонсон и Сем Тејлор Џонсон, кои се прославија по филмот „Педесет нијанси сиво“, сè уште се во хармоничен брак.
Првата средба била во куќата на сопругот на режисерката
Тие се запознаа во 2009 година на аудиција за филмот на Сем, а на крајот на истата година, тие се верија. Не би било изненадувачки ако Арон тогаш не бил 19, а Сем 42 години. Три години подоцна, тие застанаа пред матичарот, а еве ги подемите и падовите низ кои поминаа за 10 години.
„Беше толку непријатно“, се сеќава Сем. „На крајот, реков: Добро, тој ќе мора да дојде кај мене дома. А, кога му ја отворив вратата од куќата, веднаш знаев дека тој е човекот", вели Сем.
Сем се разведе од сопругот во 2008 година, со кого има две деца.
Арон подоцна за „Harper's Bazaar“ изјави дека сè уште се сеќава на таа прва аудиција со Сем. „Се сеќавам на тоа многу, многу јасно“, рече тој. „Јас точно знам што носеше тогаш - белата кошула што сè уште ја има и ја сакам. Дефинитивно ми го смени животот, иако не како што очекував“, вели Арон.
Актерите изјавија дека Сем се однесувала многу професионално за време на снимањето на филмот во кој се наоѓал Арон, иако сите знаеле дека се во врска.
Арон ја запросил Сем по снимањето
„Штом завршивме, тој ми рече дека ќе се ожени со мене“, изјави Сем за „Харперс Базар“, додавајќи „никогаш не сме биле на состанок“.
И тогаш една година откако се сретнаа, Арон ја запроси Сем.
„Точно една година до минута, клекнав на едно колено и ја замолив да се омажи за мене“, рече Арон и додаде: „Веднаш знаев дека сакам да го поминам остатокот од мојот живот со оваа личност. Знаев дека сакам семејство. Знаев дека сакам деца, а еден месец подоцна беше бремена со нашето прво дете“, рече Арон.
Двојката се венча во 2012 година и го сменија презимето во Тејлор Џонсон.
Арон за лондонските медиуми во тоа време изјави: „Едноставно не гледам зошто жените треба да го носат презимето на мажот. Сакав да бидам дел од неа исто како што таа сакаше да биде дел од мене".
По тој повод, Арон зборуваше за нивните деца и рече дека се грижи за девојчињата додека Сем работи и дека навистина ужива во домашните работи: „Не, не, јас сакам да ги чувам децата и да ги извршувам сите домашни работи“.
„Буквално ја најдов својата сродна душа. Се чувствувам толку благословено. Секој ден се будам среќна", изјави Сем.
Таа, исто така ги опиша односите меѓу неа и актерот, за кој рече дека има „стара душа“ како „синхронизирана“ и додаде: „Ја поминуваме секоја минута од денот заедно. Моите пријатели го викаат Бенџамин Батон затоа што тој има - однадвор младост, а одвнатре е толку мудар и смирен. Не сака забави. Сака да е дома и да готви за семејството. Сака прошетки со кучето. Ги сака своите кокошки - собира јајца и подготвува појадок за сите. Тој е неверојатен човек ", изјави Сем. Режисерката исто така рече дека не и пречи нивната разлика во годините затоа што: „Кога сте цврсти со некој во вашата љубов, не размислувате за тоа“.
Во една пригода, Сем рече дека не обрнува внимание на приказните на луѓето, затоа што ако ги слушала, веројатно сè уште ќе била во нејзиниот прв брак, во кој, како што рече претходно, била несреќна.
„Да мислев што зборуваат другите луѓе, ќе бев најнесреќната личност денес и веројатно сè уште во мизерен брак“, рече режисерката.
Оваа година, според странските медиуми, парот ќе режира филм заедно, сепак, само еден месец после тоа, актерот и режисерката ја ставија на продажба својата вила во Лос Анџелес вредна 7,5 милиони долари. А, тогаш нивните фанови започнаа да шпекулираат дека sвездите се разведуваат.