Топ пет чанти кои вреди да ги купите во 2023 година ФОТО
Нова година - нова чанта.
Со новата година често започнува и обновувањето на гардеробата. Најлесно е да се започне со модни додатоци, особено со чанти од кои никогаш не ни е доста, а денес истакнуваме пет трендови на чанти во кои вреди да се инвестира во 2023 година.
Годинава може да очекуваме микс од класични модели, широки за секој ден, но и блескави модели за забава, меѓу кои секој ќе најде чанта по свој вкус.
Шик деловни чанти
Елегантна и пространа, ваквата чанта е совршен додаток за секојдневните патувања до работа и секогаш можеме да избереме помала или поголема големина од овој модел на чанта, во зависност од нашите потреби.
Бохо чанти
Овој тренд е популарен веќе некое време и ќе продолжи и оваа година. Големите бохо чанти кои одговараат речиси на сѐ се одличен избор за секој ден, додека помалите се подобри за ноќни опции.
Чанти со светки
Чантата како да е создадена за забава, лесно ќе се вклопи во секој свечен стајлинг, иако може да се комбинира и во дневни изданија, само внимавајте да не претерате со сјајот.
Чанти со метални детали
Големите брендови како Miu Miu, Diesel и Gucci веќе имаат прекрасни модели украсени со впечатливи метални детали, кои на секој стајлинг ќе му дадат кул изглед.
Винтиџ модели
Не можете да погрешите со винтиџ класичен модел бидејќи ваквите парчиња никогаш не излегуваат од мода. Уште една добра работа – вакви модели често можете да најдете во винтиџ продавници или продавници за користени производи.ФОТО: Инстаграм/Pintrest