Тоше не се срамеше да каже дека тој помагал во градбата на црквата: Манастирот Свето Преображение денес слави
Денес е голем ден, празникот Преображение на Господ Исус Христос - празникот на Неговото Преображение на Таворската гора.
Свето Преображение — манастирска црква во крушевското село Селце, која го носи името по истоимениот празник, денес празнува.
Црквата се наоѓа во близина на Крушево, во месноста Ручало. Била разрушена во XIX век, а возобновена во 1986 година. Црквата е единствена во манастирскиот комплекс, познат по тоа што е возобновен од македонската музичка легенда Тоше Проески.
Сите граѓани на Крушево помагаа во градбата на манастирскиот комплекс, а голема улога во неговата обнова имаше трагично загинатиот, нашиот, Тоше Проески кој донираше многу средства за негово возобновување и не се срамеше да каже дека и тој помагал во физичката работа при градбата. А, на 18 август во 2014 година, се исполни една голема желба на Тоше.
Вистинско богатство е прошетката до Манастирот Свето Преображение, кој се наоѓа на 5 километри од Крушево, на речиси 1.600 надморска височина. Возејќи или пешачејќи по асвалтирана шумска патека, опиени од свежиот воздух ќе стасате до местото кое Тоше Проески го нарекуваше свој втор дом.
На празникот Свето Преображение во манастирот кој тој со свои раце го градеше, е комплетиран иконостасот од бел мермер. Вториот дел на иконостасот се резбаше во Прилеп а гравурите се направени според цртежите на таткото на Тоше, Никола.