Трагичната љубов на Мерил Стрип: Се бореше како лавица за него до крајот, умирајќи ѝ рече „ добро е ..“

Добивај вести на Viber

Џон Казале не се памети како голема холивудска sвезда, ниту како еден од најдобрите актери во историјата. А можеше да биде и двете.

Тој во својата кратка кариера глумеше во само пет филмови и од сите пет доби номинација за Оскар за најдобар филм. Три од нив добија оскар. Веројатно најдобро го паметите по улогата на еден од браќата Корлеоне (Фредо Корлеоне) од легендарниот филм „Кум“.

Го паметиме како човек со необичен изглед кој се движеше како успорен филм, како актер кој во себе носеше неизмерна тага и како човек кој засекогаш влијаеше врз животот и глумата на една од најголемите холивудски актерки досега - Мерил Стрип.

„Сè што знам за глума, научив од него. Единствено што сакав некогаш во бизнисот е да работам со него засекогаш“, изјавил Казале за Ал Пачино, кој играше со него во првиот и вториот дел од „Кум“. Тој беше 14 години постар од Мерил, а кога почнале да се забавуваат, тој веќе бил sвезда, а таа била млад талент. Тие на прв поглед се вљубиле еден во друг и иако не биле двојка по која луѓето се вртат од убавина, енергијата која зрачела од нив била единствена.


Но, во мај 1977 година, Џон се разболел. Тие биле заедно во канцеларијата кога докторот им рекол дека боледува од карцином на белите дробови во последната фаза и дека ништо повеќе не би можеле да направат за него. Болеста се ширела низ целото тело.

За момент, двајцата седеле во тишина, како да биле скаменети, а потоа Мерил демонстрирајќи сила, љубов и посветеност пред лекарот го прашала: „Каде ќе одиме на вечера?“

Ова приказна за животот и надежта се раскажува во Холивуд и 40 години подоцна.

Казале веднаш го откажал учеството во сите проекти во кои бил ангажиран, а за да може финансиски да го издржи неговиот медицински третман, Мерил започнала да работи повеќе од кога било. Таа била како незапирлив бес, а нејзините колеги сè уште се сеќаваат како во тоа време не можеле да забележат ниту парче очај кај неа. Дури подоцна била откриена целата длабочина на тагата и тежината на борбата низ која поминувала.


"Мојот сакан е сериозно болен и од време на време е во болница, како и сега. Тие се грижат за него, а јас давам се од себе да не се мачам и да не кршам раце, но постојано се грижам и постојано се преправам дека сум весела, што ме прави ментално, физички и емоционално исцрпена повеќе од кога било во мојот живот “, се доверила Стрип во писмото што го испратила до нејзината професорка по драма од Јеил. Тоа е исто така ретко сведоштво за нивната врска, бидејќи ниту тогаш, ниту децении подоцна, Мерил не ја објави јавно темата за нивната љубов.

Само од финансиски причини, таа ја прифатила улогата во мини сериите „Холокауст“, поради што морала да патува два и пол месеци во Австрија, каде се одвивало снимањето. Таа улога и донесе номинација на Еми наградите, но и го одзеде и драгоценото време што можеше да го помине со него. По враќањето во Америка, Џон изгледал полошо од кога било. Потоа, таа одлучила да ја напушти својата работа и тие исчезнале заедно пет месеци. Мерил не се разделила од него до последен момент. Оделе на сите прегледи и третмани заедно, а надежта не ја оставила да замине на ниту една секунда. Таа ја вложила целата сила на нејзиниот дух во грижата за него во текот на тие месеци.

На почетокот на март, Џон Казале беше примен во болницата, а ноќта на 12 март, докторот и рекол на Мерил дека е крај. Но, таа не била подготвена да го слушне тоа.


Како што ќе се раскаже подоцна, сцената која следувала изгледала како целосен колапс на повеќемесечната одржувана надеж. Таа се фрлила врз неговото тело и го ударала во градите со цела сила, задушувајќи се во сопствените лелекања. А тогаш, за секунда, Џон за последен пат ги отворил очите и со слаб глас и рекол: „Во ред е, Мерил, добро е“. Ги затворил очите и починал.

Прво го повикала неговиот брат. Не можела да зборува од солзи. Таа повторувала само едно: „Пробав сè…“

Истата година, Мерил Стрип доби Еми награда за филмот „Холокауст“, номинација за Оскар за филмот „Лов на елени“ и доби улога во „Крамер против Крамер“, што ќе и ја донесе и првата награда на Академијата на Оскарите.

Мерил Стрип е вистинска sвезда која била номинирана за 20 Оскари во нејзината кариера, а и освои три од нив, повеќе од кој било во историјата на филмот. Сепак, оние кои ја познаваат уште од нејзините почетоци во Холивуд и актерството, тврдат дека таа секогаш ќе биде запаметена како девојче кое се борело за својот живот и љубов со сила која ретко се наоѓа и има моќ да ја менува историјата.


Извор: stil.kurir.rs

Фото: Profimedia