Трагичната животна приказна на Деми Мур остава без здив: Од сите трауматични случувања таа излезе како победник

Добивај вести на Viber

Шеесет годиншната актерка Деми Мур, се уште важи за една од најубавите жени на сите времиња, а многумина не знаат дека животниот пат на една од најубавите холивудски бринети бил полн со трагедии. Во кариерата долга пет децении, Деми глумише во бројни филмови и серии, а стана и модна икона благодарение на нејзините иконски модни моменти снимени надвор пред и позади камерите.

Иако сега ужива во славата и богатството, сепак, болните трауми од детството ја обележаа нејзината животна приказна.

Детството

Таа е родена како Деми Џин Гејнс на 11 ноември 1962 година во Розвел, Ново Мексико од мајката Вирџинија и таткото Чарлс Хармон. Нејзиниот татко ја напуштил мајка и кога таа била во третиот месец од бременоста, поради што Деми го земала презимето на нејзиниот очув, Дени Гејнс.

Нејзиното детство било исполнето со борби, од алкохолизмот на нејината мајка и очувот до честите преселби, кои биле повеќе од 20 пати.

Кога Деми имала само 12 години, мајка и за прв пат се обидела да се самоубие, а за овој настан славната актерка напишала во своите мемоари „Inside out“.

- Се сеќавам дека со моите прсти, моите мали детски прсти, ги ископав апчињата кои мајка ми се обиде да ги голтне - пишува таа во своите мемоари кои им ги посвети на ќерките и мајката.

Кога наполнила 16 години, решила да го напушти домот, надевајќи се дека ќе создаде подобра иднина за себе. Станала пин-ап девојка за да заработи и го напуштила училиштето за да врзе крај со крај, пишува Nationaltoday.

На 15 години била жртва на силување

Кога имала само 15 години, Деми поминала низ страшен период, бидејќи била жртва на силување. Открила дека мажот, кој на мајка и и дал 500 долори за неа, ја силувал во нејзиниот дом.

Откако ја силувал, Мур тврди дека мажот и открил дека всушност нејзината мајка ја продала на него, вели таа во својата книгата каде пишува:

-Тоа беше силување. И одвратно предавство, откриено со суровото прашање на мажот: „Како е чувството да се биде жена со лесен морал од сгтрана на мајка ти за 500 долари?

Сепак, таа вели дека не верува целосно во неговата приказна, но дека и понатаму е лута на нејзината мајка што свесно ја ставила во опасност.

Прв брак

Кога имала само 18 години, Деми се омажила за Фреди Мур, со кој била во брак од 1980 до 1985 година, а по разводот го задржала неговото презиме. За време на бракот со Фреди, Деми доби шанса да глуми во сапуницата „Општа болница“, која во тоа време била најгледаната дневна серија. Ја играше младата новинарка Џеки Темплтон и улогата и донесе голем успех.

Потоа почнала редовно да користи кокаин, а на инсистирање на продуцентот на „St. Elmo's Fire“, Крег Баумгартен, за првпат отишла на рехабилитација.

Љубов и пријателство со Брус Вилис

Во 90-тите немаше попознат пар од Деми Мур и Брус Вилис. Тие се венчаа во 1987 година и за време на бракот добија три ќерки - Румер, Скаут и Талула. Иако сите веруваа дека нивниот брак е хармоничен, парот се разведе во 2000 година.

Сепак, Деми и Брус останаа одлични пријатели по разводот. На Брус неодамна му беше дијагностицирана афазија, поради што се повлече од актерството. Тој сега поминува време со сегашната сопруга Ема Хеминг Вилис и Деми Мур и децата.

Турбулентен однос со Ештон Кучер

Деми Мур беше во брак со 15 години помладиот Ештон Качер од 2005 до 2013 година. Бебето што го очекуваше со Кучер го загуби во шестиот месец од бременоста. Сепак, таа не се откажала повторно да стане мајка и се впуштила во шест-седум циклуси на ин витро оплодување, кои очајно не успеале.

По разводот, Ештон отишол на планина за да се справи со емотивната драма

Тој наводно бил отсутен од сите една недела, но актерката истакнала дека мора да се справи со последиците од неговото однесување во бракот.

Деми пишувала за нивниот брак во своите мемоари „Inside out“ и никогаш не криела дека нејзиниот сопруг ја изневерил. Таа откри и дека Ештон бил манипулатор и дека барал од неа да прави разни трикови во кревет.

- Беше толку понижувачки и одвратно, се уште имам трауми од нашата врска - изјавила актерката.

По Ештон, Деми беше во врска со познатиот готвач Даниел Хјум, но нивната врска не траеше долго.


Фото:Demimoore/ashtonkutcher/brucewillis/facebook