Транспортните компании членки на Македонија сообраќај АМЕРИТ ќе бидат осигурени преку Кроација

Добивај вести на Viber

Кроација осигурување и СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ денеска потпишаа Меморандум за соработка за осигурување на членките на АМЕРИТ. Сите транспортни компании и нивни вработени, членки на заедницата ќеимаат приватно здравствено и патничко осигурување преку Кроација. Соработката се должи на потребата на транспортните компании и професионалните возачи во меѓународниот транспорт да бидат осигурени и обезбедени соодветно потребите на оваа професија и експертизата на Кроација осигурување за обезбедување релевантни услови и комплетна осигурителна логистика.

За потребите на членките на АМЕРИТ, Кроација осигурување создаде здравствено и патничко осигурување, што соодветствува на високите европски и светски стандарди во меѓународниот транспорт, како и специфичните регулативи, кои наметнуваат високи нивоа на обезбедување на транспортерите.

Професионализмот и високите стандарди што ги поставивме во работењето придонесуваат Кроација да биде приоритет при изборот на осигурувањето. Овозможуваме безгрижност при патувањата од каква било природа, проследено со целосна наша асистенција и со сите потребни чекори и неопходни информации поврзани со здравствените протоколи во земјата каде што престојува осигуреникот. Дополнителното патничкото осигурување нуди целосна здравствена заштита и покритие за Ковид-19. Ова осигурително покритие обезбедува поголема заштита и сигурност за безгрижни патувања на професионалните возачи во меѓународниот патен транспорт”изјави Александар Манев, генерален директор на Кроација Осигурување – неживот.

Транспортниот сектор, како еден од двигателите на економијата, во овој тежок период поради пандемијата со Ковид–19, којашто предизвика тешки последици врз транспортот, наметнува обврска за изнаоѓање дополнителни идеи и решенија за олеснување и подобрување на транспортот. Осигурувањето е еден од начините за справување и олеснување на транспортот, а воедно и на учеството на луѓето опфатени со него, како и постигнување повисок степен на сигурност и одговорност во секторот. Оваа нека претставува само еден од многуте начини и заложби за негово подобрување”истакна управителот на АМЕРИТ, Лефтер Андонов.

Со овој меморандум за соработка се опфатени околу 400 компании што вршат меѓународен патен транспорт низ земјите во Европската Унија, но и пошироко, и со тоа овозможуваат непречен проток на патници, стоки и добра.