Три грации: Пејачките Искра, Ребека и Маја убави како некогаш, се потсетија на старите добри денови
Убава средба после долги години...
Познатите пејачки Искра Трпева Арсовска, Ребека Јанковска Ристевски и Маја Гроздановска Панчева, кои ги имаа најпознатите македонски хитови во 90-тите, повторно се споија.
Имено тие биле дел од емисија, а еве што напиша Искра за средбата.
“После многу години повторно заедно, средба која не наврати на многу убави спомени... Ќе си дозволам да кажам нешто за нас трите. Жени, полни со љубов, позитива, професионалност. Веќе мајки, секоја со своја приказна. Прекрасно си поминав на вчерашното снимање. Дами мои, ве сакам и почитувам.“
Ребека се надоврза: „Истото чувство драги мои и почитувани Искра и Маја. Ве гушкам“ додека пак Маја додаде „Убавици мои, почитувани мои. Колку убаво што си се видовме после многу години. Едвај чекам повторно на 30-ти. Ве гушкам.“