Три летни стајлинзи на Маријана Матеус за повозрасни жени: Ги бришат годините и ја зајакнуваат самодовербата, особено за дами над 50 години

Добивај вести на Viber

Една од најуспешни креаторки од Балканот плени и со насмевката и со својата фигура, а денес е и наша инспирација за неколку летни стајлинзи.

Маријана Матеус е жив доказ дека жената во педесеттите може да изгледа една деценија помлада ако е негувана и стилизирана. Таа тврди дека никогаш не отишла под нож и дека нејзиното лице без видливи брчки се должи на добрата нега.

Маријана важи и за најстилската дама во Балканскиот шоубизнис, па затоа избравме неколку нејзини тоалети кои ќе ви послужат како летна инспирација.

Овој фустан е идеален за лето, како за одење на плажа, така и за прошетки покрај морскиот брег. Во комбинација со поелегантни чевли и накит, може да се користи и за вечерни пригоди.


Бел лелеав фустан направен за сончев и топол ден. Како и Маријана, можете да го комбинирате со високи потпетици, но доколку преферирате поудобна варијанта, еспадрилите или мокасините би биле идеален избор со него.


Конечно, вечерна верзија одлична за разни прослави, родендени, излегувања, со ефективен накит нема грешка. Исто така, фризурата на Маријана, стилизирана во меки бранови, одлично се вклопува со овој стајлинг.


Драги дами, се надеваме дека ова барем малку ќе ви помогне како инспирација за вашето следно купување или можеби извлекување стари фустани од долниот дел на плакарот!


Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot

Извор: стилкурир

Совршен фустан за жени во 50-тите: Елегантен и софистициран, а сепак погоден за носење и ненападен! Кралицата Ранија уште еднаш докажа дека е најмодерната жена на светот (ФОТО)