Трикови за баланс меѓу младешкиот трепет и сериозноста на зрелоста: Стил во 40-тите

Добивај вести на Viber

Иако веќе имаме развиено свој стил на облекување до моментот кога ќе влеземе во четириесеттите години, малите трикови ќе направат едноставни парчиња со неколку детали да придонесат за вашата софистицираност.

Желбата да изгледате помладо и поенергично во однос на реалните години е желба на сите жени. Се случува често да заборавиме на реалноста и носиме нешто што во никој случај не е соодветно за нашата возраст.

Експертите советуваат дека не треба да изгледате премногу младо во четириесеттите години, бидејќи така ќе предивикате само негативно внимание. Во четириесеттите години од жените се очекува да имаат вкус на облекување, со дозволена мала доза на шик.

Секако, ова важи и за боите, бидејќи денес во продавниците лесно може да се најдат парчиња облека кои би одговарале на вашиот крој, но бојата би била посоодветна за друга генерација.

Исто така, не носете облека што ќе ве направи дама во златните години, бидејќи дефинитивно сте премногу млади за тоа. Обидете се да пронајдете златен баланс помеѓу младешкиот трепет и сериозноста на зрелоста.

И, се разбира, исфрлете ги од плакарот сите оние парчиња облека што стојат таму дваесетина години и секоја пролет се обидувате повторно да ги облечете. Телото се менува со возраста и малкумина можат да носат исти работи толку долго, без разлика колку парчињата се безвременски.


Можеби ќе ве интересира:

Возрасен пар освојува со начинот на облекување и животниот стил: Годините ништо не им можат 

Најпопуларната јакна за оваа сезона е вистинско изненадување: Идеална за секоја жена