„Трудната сопруга ме излажа дека чекаме син“: Идниот татко збеснал кога дознал дека ќе добие ќерка

Добивај вести на Viber

Идниот татко опасно се налутил откако открил дека неговата сопруга лажела за полот на нивното дете, ја исфрлил бабата од куќата и ја демолирал детската соба наместена за момче

Човекот исто така објасни дека и самиот имал прилично турбулентно детство и секогаш копнеел по силна, татковска фигура, која ја немал во животот. „Никогаш не бев поврзан со татко ми и секогаш замислував како ќе бидам со мојот син, а мојата сопруга беше свесна за оваа моја длабоко вкоренета желба. Меѓутоа, еден коментар од неговата баба (мајка на неговата сопруга) ја откри вистината; дека парот всушност ќе добие девојче, на што тој реагирал доста бурно.

„Жената призна дека знаела од почеток, но дека не сакала да ми каже, наводно мислејќи дека ги штити моите чувства. Бев уништен и веднаш ја почувствував тежината на минатите предавства. Иако беше болно, сам ја исчистив детската соба и во моментот зажалив и ѝ кажав на мајка ѝ дека повеќе не е добредојдена на семејните настани, бидејќи ја сметам за дел од измамата“, рече тој и додаде дека реагирал на тој начин поради некои негативни длабоко вкоренети емоции и трауми.

„Сепак, ја сакам мојата сопруга и брзо зажалив за моите реакции“, додаде тој на крајот, но многумина на Редит истакнаа дека тој премногу проектирал на своето неродено дете. „Нашите деца не постојат за да не‘ поправаат“, напиша еднен, додека друг додаде: „Жално дете уште не е ни родено и веќе е казнувано затоа што не ги исполнува очекувањата“.

„Во напад на бес ја уништи собата на својата идна ќерка бидејќи таа те изневерила уште пред да се роди?“, грубо заклучил еден корисник, а многу други исто така биле шокирани од неговата реакција поради ќерката. „Како да сте кажале на сите дека девојчето е безвредно, дека не вреди да се подготвувате или возбудувате за неа“, напишал еден вознемирен корисник.

„Целосно разбирам зошто лажела“.

Сепак, некои корисници на Редит повеќе му простуваа на таткото со скршено срце, а еден објасни: „Мислам дека идниот татко е најмногу вознемирен што неговата сопруга лажела, а не дека бебето ќе е девојче“


Фото: фреепик

Извор: најжена

Од искуство на една жена: Дали жените треба да останат во лош брак заради децата