Тупурковски: Изнајмив костум за погребот на Тито од театар
Васил Тупурковски за прв пат облекол костум на погребот на Јосип Броз- Тито. Оваа приказна, познатиот политичар и професор му ја раскажа на Жаре во Еден на Еден, во епизодата што ќе ја гледаме во недела, од 18.30 на Канал 5.
„ За прв пат морав да облечам одело на погребот на Тито. Го изнајмив од театар од Белгад, тоа е костум од претставата „Господа Глембаеви“, рече Тупурковски.
Тој раскажа и за тоа зошто го добил прекарот Циле, за времето кога син му го носел на состаноците на Претседателството на Југославија чиј член беше, за рокенрол животот кој го водел додека студирал и во САДи бил на настап на Џими Хендрикс, и уште многу други приказни.
Тупурковски даде и свое кусо мислење за домашните и за регионалните политичари. Погледнете две интересни приказни кои ќе бидат дел од емисијата, едната за Тито, а другата за пријателите и начинот на живот на Циле: