Туристи островот на журки се менува - бунт на локалните жители
Повеќе од 500 луѓе излегоа на улиците за да протестираат против пренаселеноста на островот Ибица во екот на туристичката сезона, а ова е прв протест на островот кој е познат по ноќниот живот.
Демонстрантите сакаат да ја укинат приватизацијата на плажите, парти бродовите, а сакаат и да се намали стапката на криминалот на островот, но и покачување на цените, но и за изнајмување на апартмани.
Митингот кој беше организиран од локалната група „Проу“ се одржа во Вара де Реи на Ибица во петокот.
На крајот тука е и прашањето за вревата поради која мештаните едвај живеат за време на сезоната.
„Ние не го одбиваме туризмот, но одбираме туризам кој е неограничен, претеран и нема почит кон луѓето кои живеат тука“- вели претставникот на организацијата Ангелс Ескандел.
Ибица лани имала над 3 милиони и 200 илјади туристи, што е за пет отсто повеќе во однос на претходната година, додека локални жители има само 130 илјади.