„Твојата насмевка е мое сонце“: Помалиот син на Симона Поповска наполни годинка
Секој го сака најдоброто за своето дете, а за првиот роденден на својот помал син пејачката и дерматолог, Симона Поповска се погрижила, Стефан да добие најдобро украсување со омилените ликови од цртаните филмови, многу мечиња, балони...
Очигледно забавата била одлична, па мама Симона во еден момент го фатила микрофонот и запеала од срце.
А по повод една година од раѓањето на второродениот син, докторката на Инстаграм напиша емотивна честитка:
„Среќен роденден, мило мое дете. Нека патот напред ти биде извонреден како твојата прва година со нас. Ти ветувам дека ќе те поддржувам во секој чекор, ќе те почитувам и ќе ти ги бришам солзите, и ќе ги делам со тебе сите авантури кои животот ќе ги сподели со тебе. Твојата насмевка е мое сонце, твојата смеа моја мелодија, а твоето присуство е подарок кој ќе го ценам засекогаш. Те сакам“
Фото: Инстаграм - Симона Поповска - Стори
Сестрата на Симона Поповска прослави роденден: Погледнете ја ова сличност