Уапсена е жената која со години непоканета одела на свадби: Бесплатно јадела, пиела и крадела (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Сандра Лин Хенсон, 56-годишна Американка од Мисисипи, била уапсена неодамна откако повторно непоканета се појавила на свадба. Овој пат наводно во полиција била пријавена од гости, а шерифот на округот Понтоток против неа поднел пријава за кражба, неовластен влез и нарушување на јавниот ред и мир, пренесуваа медиумите.

За жал, Хенсон претходните години не доаѓала на свадби само за да јаде и пие бесплатно, таа била фатена и како краде картички и пари од чанти, а тоа го правела во неколку држави, најмногу во Алабама, Мисисипи и Тенеси.

Во Алабама, полицијата ја поврза со кражби на дури девет различни свадби, а нејзините први кражби биле снимени во 2017 година.

Во 2021 година, Хенсон беше фатена како краде кредитни картички, пари и подароци на свадба во округот Маршал, Мисисипи, а условната казна ѝ беше укината.

Таа била осудена на пет години затвор, па во овој момент не е јасно како била ослободена, пишуваат американските медиуми.


Фото:screenshot