Зошто да се сака наизглед грдото овошје и зеленчук е добро за животната средина, економијата и светот #БезГлад
Дали би јаделе морков како оној погоре? Што ако тоа би помогнало во борбата против климатските промени? 25-30% од морковите не ни успеваат да стигнат до продавниците за храна само поради нивните естетски или физички неправилности. © Ралу Кон /shutterstock.com
Често се вели дека убавината е во очите на набљудувачот. Но, кога станува збор за овошјето и зеленчукот, една третина од нив не ни стигнуваат до полиците за намирници, бидејќи завршуваат во ѓубре на нивниот пат од фарма до продавница. Додека супермаркетите имаат голема улога во сето ова, и ние мора да ја испитаме нашата свест кога станува збор за ова прашање. Дали би избрале овално јаболко во мат боја или совршено заоблено сјајно јаболко? Едното од овие две дефинитивно е подобар избор за поубава Instagram фотографија, но на крајот, и двете имаат подеднакво добар вкус и еднакво ја задоволуваат вашата глад.
815 милиони луѓе остануваат гладни секојдневно, додека во светот 1/3 од она што е произведено се губи или завршува во отпад. Во случајот на овошјето и зеленчукот, речиси половина (45%) отпаѓа на загуби. Во светот во кој живееме, во услови на зачестени екстремни временски настани и промени во климата, заштедата нанаизглед грдите плодови не е само прашање на етика, туку и прашање на ресурси. Вредни природни ресурси се користат за производство на храната која ја фрламе. Потребни се 13 литри вода за да се одгледа 1 домат и 50 литри вода за да се произведе еден портокал. Дополнително на тоа, потребни се семиња, почва, труд на земјоделците, како и гориво за транспорт на храната. Сите овие ресурси се загубени кога плодот на овие вложувања е загубен.
Отпадот може да се случи на многу начини и во различни делови на вредносниот синџир.Да ги слушнеме приказните на морковот, бананата и компирот.
Приказнатана морковот
Морковот честопати се соочува со многу пречки пред да стигне до супермаркетите. Тој мора да помине низ строгите барања што ги имаат супермаркетите за овошјето и зеленчукот на нивните полици. Понекогаш, морковите мора да поминати преку фотографски сензорни машини кои ги анализираат за естетски дефекти. Ако се малку свиткани, не се светло портокалови, имаат дамки или се скршени, тие се преместуваат во купот наменет за добиточна храна, иако сеуште се погодни за исхрана на луѓето.
Вкупно околу 25-30% од морковите не стасуваат до продавниците поради физички или естетски недостатоци. На зелените пазари или во локалните продавници, продажбата на моркови може да ги заобиколи некои од строгите естетски стандарди што ги имаат супермаркетите, но дали вие би купиле морков со неатрактивен изглед?
Лево: Коe би го избрале? Со избирање на овошје и зеленчуккои не изгледаат совршено, ние како потрошувачи можеме да помогнеме да ги зачуваме сите ресурси што влегуваат во производството на храната. © saiko3p / shutterstock.com
Десно: Ако научиме да ги сакаме наизглед грдите овошја и зеленчук, можеме да заштедиме дел од загубите на храна кои се последица самонанивниот изглед.
© Екатерина Матроницкаја / shutterstock.com
Приказната на бананата
Бананите се особено кревок плод. Дури и ако стигнат до продавниците за храна или на пазарите, поради начинот на кој се наредени или спакувани, може лесно да се оштетат. Грубото чување може негативно да влијае на изгледот на бананите и често предизвикува нивно побрзо расипување.
Потрошувачите, пак,вообичаено не сакаат да купуваат производи што се презрели, меки, без свежа боја или оштетени. Притоа, еве еден совет за вас: ако имате намера да го јадете овошјето истиот ден, купете ги зрелите плодови. Ако никој не ги избере, тие ќе завршат во ѓубре, наместо во нечиј стомак.
"Сè има своја убавина, но не секој ја гледа" - Конфучие
Приказната на компирот
Одредени земјоделски производи, како компирот, трпат големи загуби кога се обработуваат во други видови на храна. На пример, компирот што е наменет за помфрит, може да заврши во ѓубре во моментот кога треба да се исече на ленти. Овие ленти лесно се кршат во фазите на обработка и пакување. Скршените парчиња често се фрлаат, бидејќи обично е поевтино да се отстранат, отколку да се вратат во процесот на обработка.
Други компири кои се физички оштетени во фазата на утовар или транспорт, се исклучуваат пред да стигнат во фабриката за пакување. Развој на пазарите за "не-стандардни" производи, како што се оштетени компири, но сепак безбедни за консумирање, хранливи и вкусни, е еден од начините за намалување на отпадот од храна или загубите предизвикани од грешки во процесирањето, пакувањето или транспортот.
Дали знаете? Потребни се 50 литри вода за да се произведе еден портокал. 815 милиони луѓе остануваат гладни секојдневно, а климатските промени се повеќе предизвикуваат штети во земјоделството. Заштедата на ‘грдото’ овошје и зеленчук не е само прашање на етика, туку и прашање на ресурси. @Џианг Хонгуан / shutterstock.com
Поголемиот дел од овој отпад може да се спречи. Избирање на наизглед грди производи, правилно складирање на овошјето и зеленчукот и јадење на она што веќе го имате во вашиот фрижидер пред да купите ново, се само дел од работите што секој од нас може да ги направи во секојдневниот живот за да создадеме свет #БезГлад и да придонесеме во борбата против климатските промени. Направете простор во вашите срца за наизглед грдите плодови, за тие да полнат стомаци, а не депонии.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ:
- Food Loss and Waste facts
- Make #NotWasting a Way of Life
- Global Food Loss and Waste publication
- Food Loss and Waste infographic